10% попуст за првата нарачка

Наука и мед: од тајните на кошницата до современите истражувања

Date

Наука и мед: од тајните на кошницата до современите истражувања

Фитнес во чинија: Протеински палачинки со крем мед од малина

Во време кога брзото секојдневие ни бара енергија и сила, често посегнуваме по готови и преработени ужини. Но вистината е дека најздравите и највкусни решенија доаѓаат директно од природата – а кога ќе се спојат медот, овесот и протеините, добиваме совршена комбинација за енергија, виталност и уживање без грижа на совест.

Денес ви носиме рецепт за протеински палачинки со крем мед од малина, што ќе ги обожавате и вие, и децата.

Состојки:

  • 100 g овесни снегулки
  • 40 g козја сурутка во прав (протеини)
  • 2 кафени лажички цимето мед
  • јајца (2 белки + 1 жолчка)
  • 1 зрела банана

За послужување:

  • природен крем мед малина
  • свежи малини
  • малку ореви, лешници или бадеми за крцкавост

Начин на подготовка:

  1. Во блендер ставете ги овесните снегулки и сомелете ги во брашно.
  2. Додадете ги останатите состојки. Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
  3. Загрејте тава на 200 °C и со малку кокосово масло испечете ги палачинките од двете страни, по 2-3 минути.
  4. Послужете ги со слој од крем мед со малина и декорирајте со свежи малини.
  5. За дополнителен вкус и хранливост, можете да додадете и малку кршени ореви лешници или бадеми одозгора.

Зошто да ги изберете овие палачинки?

🍯 Природна енергија – цимето медот, крем мед малина и овесните снегулки даваат долготрајна ситост.
💪 Протеинска поддршка – козјата сурутка и јајцата обезбедуваат квалитетни протеини за мускули и виталност.
🍇 Антиоксидативна моќ – малините и крем медот со малина носат витамини и свежина.
🌱 Чиста и природна храна – без рафиниран шеќер, без адитиви.

Протеинските палачинки со крем мед малина не се само оброк – тие се мала ритуална доза енергија и задоволство. Идеални се за појадок, ужина после тренинг или како здрав десерт за целото семејство.

Наместо индустриски ужини – пушти го мирисот на домашни медени палачинки во кујната. А за вистинска медено-овошна магија, додади крем мед со малина и уживај во природен вкус што го обожава целото семејство.

Logo
Следете нè:
Пчелни производи ХЕПИ

Пчелни производи ХЕПИ

I will be back soon

Пчелни производи ХЕПИ
Здраво 👋
Добредојдовте на BeeHappy! Како може да ви помогнеме? 😊
Messenger