На beehappy.mk се грижиме вашата нарачка да стигне брзо, безбедно и свежо – како што доаѓа од кошницата.
Испорака
- Испорачуваме низ целата територија на Македонија преку проверена курирска служба.
- Време на испорака: во рок од 1–3 работни дена, освен за време на викенди, државни празници или временски непогоди.
- Цена на достава: 150 денари
- Бесплатна испорака важи за нарачки над 2000 денари, освен во следниве случаи:
- Кога производите се веќе намалени
- При купување со попусти, ваучери, промоции и слично
📞 Пред испораката, курирот ќе ве контактира на телефонскиот број кој сте го оставиле при нарачка.
ℹ За подетални информации или специфични барања, барајте не на 077 553 008 или пишете ни на info@beehappy.mk
Поврат на производи
Се стремиме да бидете задоволни од секое тегличе мед и секој производ што го добивате од нас. Но, доколку се појави проблем – ќе најдеме решение, фер и коректно.
Поврат е можен во следниве случаи:
- Сте добиле погрешен производ
Во овие случаи, производот се заменува со исправен производ или со производ што одговара на нарачката.
🕒 Рок за пријавување:
Во рок од 48 часа по приемот на нарачката, ве молиме известете нè по телефон или е-пошта.
Додадете фотографија и краток опис на проблемот, за да можеме побрзо да реагираме.
Поврат на средства
Повратот на средствата е овозможен доколку не можеме да ја замениме вашата нарачка или ако производот е недостапен. Според вашите потреби, можете да одберете една од следните опции:
- Враќање во форма на ваучер / кредит за следна нарачка
Како алтернатива на класичното враќање на средства, ви нудиме можност да добиете ваучер или кредит во вредност на износот од повратот, кој можете да го искористите при следната нарачка на beehappy.mk.
Ова е одлична опција ако планирате повторна куповина или сакате да ја искористите вредноста на средствата во нашата понуда.
- Рефундирање на средства
Доколку не можеме да ја замениме вашата нарачка или ако производот е недостапен, ќе извршиме целосен поврат на средствата – на истиот начин на кој сте платиле.

