"Fresh Kiss" Природен балсам за усни за нега и заштита
Проценето време на испорака: 3-5 дена
Бесплатна достава над 2000 денари
*Бесплатна достава се пресметува на износот на нарачката по аплицирање на попустот
Понекогаш, се што ти треба е еден допир што враќа живот во усните.
Fresh Kiss e природен балсам за усни со пчелин восок, кокосово масло, шеа путер, витамини и етерично масло од пеперминт. Мал ритуал за секојдневна свежина, сјај и заштита – без хемикалии, вештачки ароми и парабени.
Бенефити на Fresh Kiss балсамот:
Кокосовото масло и ши путерот ја хранат кожата на усните во длабочина, спречувајќи сувост и пукање. Усните стануваат меки, мазни и природно сјајни.
Пчелиниот восок создава природен заштитен слој што ја задржува влагата, а притоа овозможува усните да дишат. Совршен при студ, сонце или сув воздух.
Етеричното масло од пеперминт носи чувство на ладење и свежина, поттикнува природна циркулација и им дава здрав розев сјај на усните.
Витаминот Е штити од надворешни влијанија и стареење на кожата, ја омекнуваат и ја одржуваат природната влажност.
Лесната текстура се топи на усните и остава суптилен природен сјај — без чувство на тежина, само совршено мазни и негувани усни.
Идеален за секое време од денот – наутро, пред спиење или под кармин. Совршен баланс помеѓу нега и природен изглед.
Состав: Пчелин восок, кокосово масло, шea путер, витамин Е, етерично масло од пеперминт.
Се користи превентивно и за секојдневна употреба. Во чанта, на ноќна масичка или во џеб може секогаш да биде придружен со тебе.
Чување: