Високо квалитетен мед кој доаѓа од планински предели, чист воздух и слобода на дивите ливади - каде секоја капка е полна со живот, ензими и љубов.
Изобилува со цветови (жалфија, чалија, магарешки трн, кантарион, камилица, нане, глуварче, гоџи бери...) и содржи поголема количина на природен поленов прав.
Полесен е на вкус, а токму затоа е поприфатлив за дечињата.
Го прават пчелите - онака како што само тие знаат. Ние само го собираме со почит и благодарност.
Нашите пчеларници се распоредени на повеќе локации на Осоговските планини - за пчелата да ја има слободата да избере од што повеќе цветови и да создаде мед со вистинско лековито дејство и мирис на ливада што те враќа во детството.
Собран од недопрени ливади, далеку од бучава, каде секој цвет е лек, а секоја пчела уметник на природата. Состав: 100% природен мед, без додатоци и шеќери.
Проценето време на испорака: 3-5 дена
Бесплатна достава над 2000 денари
*Бесплатна достава се пресметува на износот на нарачката по аплицирање на попустот
Начин на употреба:
Чување: