10% попуст за првата нарачка

Перга

Создадена од природата, фино ферментирана од вредните пчели – пергата е едно од највредните „златни зрнца“ што ни ги подарува кошницата. Зад нејзиниот скромен изглед се крие вистинска супер-храна – сојузник за имунитет, енергија, плодност, хормонален баланс и многу др.. Пергата е ферментиран полен збогатен од пчелите и има 7-9 пати појако дејство од обичниот поленов прав – вистинска ризница на витамини, минерали, ензими, антиоксиданси и пробиотици.
Благодарение на својот богат состав, пергата нуди бројни здравствени бенефити:

  • Јакнење на имунитетот – Го поддржува телото во борбата против инфекции, вируси и штетни бактерии и го стимулира производството на бели крвни клетки - клучни за функциоирање на имунолошкиот систем
  • Подобра дигестија – Пробиотиците, ензимите и растителните влакна го подобруваат варењето и цревната флора. Комплетно ја опоравува цревната флора по прекумерно земање на антибиотици. Редовното консумирање на перга може да помогне при дигестивни проблеми како подуеност, лошо варење и нередовна столица.
  • Природна заштита на клетките – Го штити телото од оштетувања, го успорува стареењето и го намалува ризикот од хронични заболувања. Богата е со витамини Ц и Е, како и други природни состојки што го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и некои видови рак. Покрај тоа, ѝ дава поддршка на кожата – поздрава, свежа и младешки изглед.
  • Антибактериски и противвоспалителни својства – Помага во заштита од штетни бактерии и го балансира воспалителниот одговор.
  • Поддршка при алергии и потенцијални антиканцерогени својства – Со редовна консумација доаѓа до намалување на алергиски реакции и инхибирање на раст на канцерогени клетки.
  • Помага за плодноста кај мажи и жени – Богата со аминокиселини, цинк и витамин Е, пергата ја подобрува продукцијата на здрави репродуктивни клетки (сперматозоиди и јајце клетки) и го балансира хормоналниот систем.
  • Помага при женски хормонални проблеми – Придонесува за намалување на воспаленија и хормонален дисбаланс поврзан со полицистични јајници, цисти, нередовен циклус и проблеми со матка.
  • Ја поддржува функцијата на простатата – Благодарение на антиинфламаторните и регенеративни својства, пергата помага при зголемена простата, воспаление и проблеми со мокрење.
  • Силен сојузник против анемија – Пергата е природен извор на железо, фолна киселина и витамин Б-комплекс, кои го стимулираат создавањето на црвени крвни зрнца и помагаат во подобрување на крвната слика.
  • Хормонален баланс и виталност – Делува тонизирачки и адаптогено – го балансира телото во стресни периоди и ја подобрува општата енергија, либидо и менталната јасност.

Состав: перга (фементиран полен)

350,00 ден
Грамажа: 10гр

Проценето време на испорака: 3-5 дена

Бесплатна достава над 2000 денари
*Бесплатна достава се пресметува на износот на нарачката по аплицирање на попустот

  • SKU: #0033

Начин на употреба:

Превентивно, се зема 3-4 зрна, се топат под јазик и се голта со голтка вода или без вода.
Доколку се зема за одреден здравствен проблем, се користи по 5-6 зрна на ден (најдобро наутро). Ставете ги зрната под јазик и оставете ги 1 минутка да се стопат, потоа голтнете без вода или со голтка вода. По консумација на перга, препорачливо е да не консумирате храна или пијалоци во наредните 20-30 мин за подобра ефикасност. Ако сакате побрзи резултати земајте уште една доза попладне, но не покасно од 18часот (дава енергија и може да Ви направи проблем при спиење).

Чување:

  • По отварање на производот, чувајте во фрижидер
  • Безбеден за сите кои немаат алергија на поленов прав
  • Безбеден за деца над 6год

Logo
Следете нè:
Пчелни производи ХЕПИ

Пчелни производи ХЕПИ

I will be back soon

Пчелни производи ХЕПИ
Здраво 👋
Добредојдовте на BeeHappy! Како може да ви помогнеме? 😊
Messenger