10% попуст за првата нарачка

Поленов прав

Поленовиот прав е вистинска супер-храна од природата. Се смета за една од најкомплексните и најхранливи супстанции што постојат – содржи над 250 природни состојки, меѓу кои витамини, минерали, протеини, ензими и антиоксиданси. Богат е со биолошки активни материи кои ја поттикнуваат виталноста, го јакнат организмот и придонесуваат за општо добро здравје.
Поленот го собираат пчелите од цветовите и го носат во кошницата за време на топли, сончеви денови, кога природата изобилува со живот. Она што го прави навистина посебен е фактот дека содржи повеќе протеини од некои намирници од животинско потекло, како месо, млеко или јајца. Неговиот состав варира во зависност од растението, сезоната и климата, но секое зрно е микросвет полн со вредни материи. Некои растенија, содржат и до 20 пати повеќе каротин од морковот!
Оваа уникатна комбинација го прави поленот вистински подарок од природата – храна, заштита и баланс за телото.
Овој природен производ треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана затоа што има огромни бенефити за вашето здравје:

  • Природен енергетик
    Го поттикнува производството на енергија и ја зголемува издржливоста – одличен за активни луѓе и при хроничен замор.
  • Јакнење на имунитетот
    Го зајакнува одбранбениот систем и помага во превенција на воспаленија и инфекции.
  • Поддршка за дигестивниот систем
    Ги подобрува варењето и апсорпцијата на хранливи материи преку природни ензими.
  • Регенерација и заштита на црниот дроб
    Ги регенерира оштетените ткива, особено на црниот дроб, и овозможува природна заштита и детоксикација на организмот.
  • Баланс на хормоните
    Посебно корисен кај жени – помага при ПМС и менопауза.
  • Подобрување на менталната функција
    Го поттикнува фокусот, концентрацијата и ја намалува менталната исцрпеност.
  • Поддршка за кожата
    Го негува здравјето на кожата одвнатре – природна помош при акни, егзема и сувост.
  • Поттикнување на апетит
    Идеален за деца и возрасни со намален апетит или во период на опоравување.
  • Поддршка на крвта
    Поленот помага при анемија – ја поттикнува продукцијата на црвени крвни клетки и ја подобрува оксигенацијата на организмот. Во него се содржат речиси сите минерали кои ги има во крвта, посебно е извор на железо, бакар и манган.
  • Јакнење на мускулатурата
    Поради присуството на сите есенцијални аминокиселини, поленот е одличен за регенерација на мускулите после физичка активност.
  • Детоксикација на организмот
    Помага во елиминирање на токсини и тешки метали – природен прочистувач на телото.
  • Баланс на нервниот систем
    Поленот има благ седативен ефект – помага при анксиозност, несоница и напнатост.
  • Противвоспалително дејство
    Природно ја намалува внатрешната и надворешната воспаленост во телото.
  • Заштита на видот
    Богат со витамин А и антиоксиданси кои го поддржуваат здравјето на очите.
  • Поддршка за метаболизмот
    Го забрзува метаболизмот и помага во регулирање на телесната тежина.
  • Поддршка за раст и развој
    Совршен за деца во раст – природен извор на витамини, минерали и протеини што го поттикнуваат здравиот физички и ментален развој.
  • Силна антиалергиска заштита
    Во мали дози и со постепено внесување, може да помогне во намалување на симптоми на сезонски алергии – делува како природна „вакцина“.
  • Здравје на коските и зглобовите
    Содржи калциум и флавоноиди кои придонесуваат за зајакнување на коските и намалување на воспаленија во зглобовите.
  • Подобрување на расположението
    Го поттикнува лачењето на серотонин – хормон на среќата. Природен сојузник против лошо расположение и ментален замор.
  • Поддршка за здрава коса и нокти
    Благодарение на биотинот и цинкот, поленот придонесува за сјајна коса, здрави нокти и чиста кожа.
  • Забавување на стареењето
    Содржи антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали – го забавува процесот на стареење на клетките.

Состав: 100% поленов прав

Price range: 120,00 ден through 1.500,00 ден
Грамажа
50gr 100gr 250gr 500gr 1kg

Проценето време на испорака: 3-5 дена

Бесплатна достава над 2000 денари
*Бесплатна достава се пресметува на износот на нарачката по аплицирање на попустот

Начин на употреба:

Се зема 1 – 3 кафени лажички дневно, дневно.
Може да се консумира самостојно или како додаток во:
кисело млеко / јогурт, смуди и шејкови, овошни салати, здрави оброци, помешано во мед или директно со лажичка.

Чување:

  • По отварање на производот, чувајте во фрижидер
  • Безбеден за сите кои немаат алергија на поленов прав
  • Безбеден за деца над 6год

Logo
Следете нè:
Пчелни производи ХЕПИ

Пчелни производи ХЕПИ

I will be back soon

Пчелни производи ХЕПИ
Здраво 👋
Добредојдовте на BeeHappy! Како може да ви помогнеме? 😊
Messenger